FEMALE SEXUALITY AND MALE DOMINANCE IN MEASURE FOR MEASURE AND THE TAMING OF THE SHREW Cover Image

Женската сексуалност и машката доминација во Танте за кукуригу и Кротењето на опаката
FEMALE SEXUALITY AND MALE DOMINANCE IN MEASURE FOR MEASURE AND THE TAMING OF THE SHREW

Author(s): Vladimir Cvetkoski
Subject(s): Theory of Literature, Drama
Published by: Институт за македонска литература
Keywords: William Shakespeare; The Taming of the Shrew; Measure for Measure; female sexuality; male dominance; power relations; subversion; containment

Summary/Abstract: Овој труд разгледува некои аспекти на женската сексуалност и машката доминација во комедиите „Танте за кукуригу“ и „Кротењето на опаката“ од Вилијам Шекспир. Во контекст на двете драми, текстуалните примери што застапуваат елизабетански ставови кон женската сексуалност и машка доминација се претставени како елементи од една поголема матрица на социјалните односи на моќта. Покрај тоа, третманот на сексуалноста и сексуалната желба во „Танте за кукуригу“ се претставени преку дискусија за сликовноста на страста на Анџело по Изабела. Елизабетанските ставови за сексуалноста и за сексуалната желба се прикажани преку анализа на сликовноста во солилоквиите на Анџело и на Петручио, соодветно, со што се укажува на употребата на слики од областа на соколарството како метод за кротење на птици/итрици, што се користи од страна на машките ликови во драмата „Кротењето на опаката“. Тропите и јазикот од областа на соколарството се препознатливи и во дискурсот што го употребува Петручио при кротењето на Катерина. Карактеризацијата на Катерина, како што се гледа од нејзиниот говор за женската послушност, се разгледува како во однос на практиката на Шекспир да претставува доктринарни говори така и во поглед на современите сценски поставки и толкувања на самиот говор. Конечно, со оглед на реската разлика помеѓу елизабетанските хиерархиски општествени односи и егалитарниот општествен амбиент на нашата современост, статијата пристигнува до заклучок дека субверзивните елементи во Шекспировите комедии, најозади, служат за да се задржи првично воспоставеното статус-кво на родовите односи, социјалните практики и општествениот ритуал на бракот.

  • Issue Year: 2013
  • Issue No: 11
  • Page Range: 87-98
  • Page Count: 12
  • Language: English