PO(ETHICS) IN THE STATE OF EMERGENCY Cover Image

По(Етика) во вонредна состојба
PO(ETHICS) IN THE STATE OF EMERGENCY

Author(s): Elizabeta Sheleva
Subject(s): Literary Texts, Theory of Literature
Published by: Институт за македонска литература
Keywords: utopia; nostalgia (S.Boym); state of emergency (G.Agamben); museumization; refugees

Summary/Abstract: Дваесеттиот век започна со утопија, но се заокружи со носталгија! Овој впечатлив и прегнантен опис на парадоксалниот лак, што го измина претходното столетие, ѝ го должиме на неодамна починатата славистка со меѓународно реноме, Светлана Бојм. Сепак, нејзината луцидна констатација може да се дополни со уште еден, овојпат, темпорален – аспект, иманентно вграден во интерактивниот однос помеѓу утопијата и носталгијата. Носталгијата е, имено, поврзана со темпоралната оска на минатото (минатоста), додека утопијата - витално насочена кон темпоралната оска на иднината (идноста). Она, што денес неоспорно го сведочиме, е „падот“ на уметноста во модусот на сеќавањето – што резултира со подем на културата на сеќавања (музеализација), вклучително, и појава на помодните студии на меморијата, чијшто аналитички предмет претставува самиот феномен на помнењето. Доколку уметноста, не така одамна, според својата природна вокација, беше визионерска и антиципаторска – денес, истата таа се движи „наназад“, ретроспективно и ретроактивно (Ж.Рансиер), во пост-фестум определениот модус на сеќавањето. Повикувајќи се на нашето скорешно минато, Катарина Лукетиќ, со горчливо жалење, констатира „Чудно, во времето на идеолошкиот сингулар, нашите утопии беа во плурал“. Во услови на растечкиот акцелерационизам дојде до неочекувана последица: развластениот субјект да биде сведен (или, осуден) на сеќавање, носталгија, соништа за реставрација, општа музеализација (Борис Буден). При тоа, популарниот култ на носталгијата е широко прифатен, оти останува безопасен по самиот опстанок на поредокот, потврдувајќи ги чувствата (и ставовите) на резигнација, загуба, болка, немоќ. Како што порано укажа В. Кандински, „колку што позастрашувачки станува светот, толку поапстрактна бидува уметноста“! Дали ние денес се соочуваме со феноменот на „апстрактна одговорност“? Можеме ли денес да ги обновиме фундаменталните прашања на етиката? Бездруго, во ова комплицирано време на (постојана) „вонредна состојба“ (Џ.Агамбен), етиката станува повеќе од неопходна. Дали процесот на замолчување на етиката (во литературата и уметноста) е последица на современата (прикриена) идеологија, што ја замолчува расправата за моралните вредности, додека бесрамно ги нарушува истите – и тоа, секој ден, над секој човек и со секој еден бегалец? Прашањето, кое и лично нè вознемирува е: дали, можеби, и самите се претвораме во бегалци, или странци самите на себеси, додека го одобруваме и се придржуваме до овој себичен, опортунистички и иморален молк?

  • Issue Year: 2016
  • Issue No: 14
  • Page Range: 21-30
  • Page Count: 10
  • Language: English