When Umbrellas Were Discovered in Skopje Cover Image

Кога во Скопје ги беа измислиле чадорите
When Umbrellas Were Discovered in Skopje

Author(s): Ermis Lafazanovski
Subject(s): Literary Texts
Published by: Блесок
Keywords: расказ

Summary/Abstract: Таа болест. Болест за која ниту се зборува ниту се покажува а најмалку пак навреме се открива - а кога тоа ќе се стори веќе е доцна. Се јавува без болка, доаѓа тивко и подмолно а разнебитува и разнесреќува двојно повеќе одколку што може да се претпостави; доаѓа однадвор многубројна и разнослојна а нејзината цел е нејзините составни делови да се соединат во едно - во средината на телото. Ги напаѓа прво прстите од нозете и од рацете па косата која побелува на очиглед, навлегува низ устата и низ носот, низ очите и низ кожата која не е покриена со облека и лека полека како крадец почнува да длаби во телото на човека без тој да сети дека нешто му се случува: без око да му трепне - што се вели. Нејзините многубројни делови небаре носејки абер се сретнуваат во душата човекова и стануваат едно; едно кое ниту боли, ниту пече, ниту пак се помрднува од место, но човекот што носи таква болест станува напатен за навека: наклеветен да допека.

  • Issue Year: 1999
  • Issue No: 09
  • Page Count: 3
  • Language: Macedonian