Култот на плодноста и еротското изразени во обичајот „каранфил“ – реликти на претсвадбената обредност во Струмица и Струмичко
The cult of fertility and eroticism expressed in the custom of “The Carnation” – relics of the pre-wedding ritual in Strumica and the Strumica region
Author(s): Ana Vitanova-RingacevaSubject(s): Anthropology, Museology & Heritage Studies, Conference Report
Published by: Институт за фолклор "Марко Цепенков" - Скопје
Keywords: Струмица; каранфил; свадба; еротско; култ на плодноста
Summary/Abstract: Апстракт: Во овој труд ќе се осврнеме на магиската функција на претсвадбените обредни активности, коишто денес се практикуваат како обичаи во свадбените церемонии во Струмица. Магискиот аспект на свадбените обредни активности упатува на тоа дека свадбата, како еден од најважните обреди на премин, има за цел склопување брак и оставање здраво потомство. Свадбената обредност вклучува магиски активности поврзани со култот на плодноста и активности за заштита на младите од влијанието на злите сили. Во Струмица, во градската средина е познат стар претсвадбен обичај, познат како „Каранфил виене“ (или само „Каранфил“). Смеата, потенцирањето на телесното, афирмацијата на еротското и женската сексуалност се интегрален дел од овој обичај, којшто денес сѐ уште живее. Самиот обичај чува елементи од древната обредност: гротескното сфаќање на телото (машко и женско), вегетативната и аграрната обредност, зооморфните претстави, симболиката на водата, земјата, косата, цвеќето (пупката). Репродуктивните органи и самиот полов чин најчесто семантички се претставени преку овошјето и зеленчукот, но и преку метафорите во песните што се пеат. Самиот обичај вклучува пеење песни со еротска содржина, т.н. „мрсни или срамни песни“, а ги пеат возрасни жени, чијашто репродуктивна функција повеќе не постои. Од аспект на ваквата уснопоетска еротологија може да се каже дека песните, коишто ги пеат исклучиво жени, се песни со поучна содржина и тие треба да ја воведат девојката во брачниот живот, но и песни – коишто имаат заштитна или апотропејска функција. Песните со својата ласцивност претставуваат силни метафори во кои се содржи плодноста како основен лајтмотив. Денес тие го изгубиле својот обреден карактер, како и функцијата, но останале да живеат сраснати со обичајот, којшто пак е подложен на промени, во согласност со новото време.
Journal: Македонски фолклор
- Issue Year: LVI/2025
- Issue No: 88
- Page Range: 25-42
- Page Count: 18
- Language: Macedonian
