Етничкиот идентитет како мобилизирачка алатка
Ethnic identity as mobilizing tool
Author(s): Stojan SlaveskiSubject(s): Politics / Political Sciences, Social Sciences
Published by: Филозофски факултет, Универзитет "св. Кирил и Методиј"
Keywords: етнички идентитет;малцински права;секјуритизација;
Summary/Abstract: Во историјата многу етнички групи исчезнале како што постепено го губеле нивниот идентитет и биле апсорбирани од другите етнички групи. Зачувувањето на духовната, социјална и културна дистанца од другите етнички групи, одбивањето за асимилација и интеграција може, во погодни околности, да осигура опстанок на одреден етнички групен идентитет. Па така, етничката мобилизација е најзаслужна за подобрувањето на условитена најголем број етнички малцинства во Централна и Источна Европа. Без сопствена мобилизација многу етнички групи во посткомунистичкиот свет можеа да останат ранливи субјекти во нивните држави и општества. Целта на етничката мобилизација може да биде релативно скромна, како што е зголемувањето на опсегот на употреба на јазикот на малцинството. Други мобилизирани групи можат да си постават многу поамбициозни цели како што е реунификацијата на една, најчесто митска, но, сe уште, политички релевантна етничка татковина. Меѓутоа, реалниот проблем со кој се соочуваме сега е како да се демоблизираат веќе мобилизираните етнички групи.
Journal: Bezbednosni dijalozi
- Issue Year: 1/2010
- Issue No: 2
- Page Range: 141-156
- Page Count: 15
- Language: Macedonian
