CONSTRUCTION OF A PLACE IN ETHNOGRAPHIC FILM Cover Image

Конструкција на место во етнографскиот филм
CONSTRUCTION OF A PLACE IN ETHNOGRAPHIC FILM

Author(s): Sanja Puljar D'Alessio
Subject(s): Visual Arts, Film / Cinema / Cinematography
Published by: Институт за македонска литература
Keywords: еthnographic film; place; visual ethnography; experimental ethnography

Summary/Abstract: Текстот се сосредоточува врз анализата на начините на кои се конструираат местата во етнографските филмови. Со тоа, истражувачкиот метод на визуелната етнографија и поновите промислувања на концептот, наместо во социокултурната теорија се земаат како темел за изнаоѓање можни начини на конверзија на просторот на окуларноста во простор на интуиција кој би им овозможил на гледачите да го „почувствуваат“ местото што се прикажува во филмот. Доколку местото се смета за отворено, поврзано со надворешниот свет, исполнето со конфликти и единствено, т.е. разликувачко заради специфичната мешавина на локалните и пошироките социјални односи што се испреплетуваат во него, како и заради ефектите кои таквата мешавина ги предизвикува кај жителите на тоа место и на луѓето кои се среќаваат во него, тогаш според теоријата тоа е создадено од многу реалности. Практиката, етнографската практика, има тешкотии околу процесуирањето на оваа комплексност на значењата на местото. Во текстот се предлага експериментална визуелна етнографија, како можен начин на евоцирање на комплексноста на местото со помош на филмската форма: комплексноста на формата на етнографијата е испреплетена со комплексноста на појавата што ја презентира, така што тие заедно стануваат културна презентација, наместо медиум кој е употребен за досегање на културна презентација. Етнографскиот филм сфатен на овој начин истражува одредена појава и истовремено и самиот претставува појава што се истражува. Тој е site.

  • Issue Year: 2011
  • Issue No: 9
  • Page Range: 151-163
  • Page Count: 13
  • Language: English