CULTURAL STUDIES AND STUDIES OF POETRY AND VISUAL ART: AMERICAN LANGUAGE POETRY AND BRITISH FEMINIST ART HISTORY Cover Image

Културолошките студии и истражувањата на поезијата и визуелните уметности: поезијата на американски јазик и британската феминистичка историја на уметноста
CULTURAL STUDIES AND STUDIES OF POETRY AND VISUAL ART: AMERICAN LANGUAGE POETRY AND BRITISH FEMINIST ART HISTORY

Author(s): Dubravka Đurić
Subject(s): Cultural history, Theory of Literature, British Literature
Published by: Институт за македонска литература
Keywords: cultural studies; experimental poetry; feminist art history

Summary/Abstract: Oвој труд го проследува начинот на кој културалните студии си го трасираа патот и ги трансформираа студиите од областа на поезијата во Соединетите Американски Држави. Американските поети од 1980-тите години – Берет Ватен, Чарлс Бернштајн, Мајкл Дејвидсон и Рејчел Бло Ду Плезис развија материјалистички, постформалистички и контекстуалистички приод кон поезијата. Мојата дискусија се фокусира на ставот на Ватен за „конструктивистичкиот момент“ кој се однесува на „јазот меѓу конструктивистичката естетика и поголемите културални проекти“, како и на сознанието на Ду Плезис за социјалната филологија под којашто таа ја подразбира „употребата на техниката на читањето одблизу за откривање на социјалните дискурси, субјектите околу коишто се преговара и идеолошките дебати содржани во еден поетски текст.“ Завршно се посочени начините преку кои културолошките студии навлегоа во полето на британската феминистичка историја на уметноста. Освртот врз делото на Гризелда Полок и на нејзиниот термин „феминистичка интервенција во историјата на уметноста“ ја посочува уметноста како социјална практика. Историско-феминистичкиот материјализам којшто таа го заговара ја „дешифрира комплексната независност на класата и родот, како и на расата, во сите форми на историската практика“.

  • Issue Year: 2011
  • Issue No: 9
  • Page Range: 9-15
  • Page Count: 7
  • Language: English