Безбедносен концепт насочен кон човекот
Human security concept
Author(s): Sergej CvetkovskiSubject(s): Politics / Political Sciences
Published by: Филозофски факултет, Универзитет "св. Кирил и Методиј"
Keywords: безбедносен концепт;човекова безбедност;меѓународни односи;
Summary/Abstract: Човековата безбедност или поточно концептот на човекова безбедност е замисла за развој на практика која е „малку“ поинаква од веќе воспоставената „политика“ на мултинационални принципи кои се во перманентен развој, а се однесуваат на безбедноста и владеењето. Тоа е обид за делување, но и спонтан процес на развивање на научно сфаќање кое им противречи на традиционалните замисли за безбедноста. Она што се наметнува е дека таа замисла или концепт не е баш лесно разбирлив или потполно објективен како мисла. Тоа е така, затоа што може да се издвојат четири различни, понекогаш компетитивни пристапи кон човековата безбедност кои се одраз на различни социолошко, културни и геостратегиски ориентации. Или можеби концепт кој е помалку нереален или премногу амбициозен. Во насока на „напреднатата идеја“, трудов укажува дека искуственото проучување веќе дава основа за формирање на поддржувачка позиција на размислувањето за човековата безбедност, кое можеби споро, но сигурно сепрепознава и имплементира од донесувачите на одлуки, наспроти доследноста нацврстата нео/реалистичка одреденост.
Journal: Bezbednosni dijalozi
- Issue Year: 1/2010
- Issue No: 1
- Page Range: 135-147
- Page Count: 12
- Language: Macedonian
