THE THREAT FROM NON-STATE ACTORS IN XXI CENTURY THROUGH THE LENSES ON THE KLAUZEVIC TRIAD Cover Image

Заканата од недржавни актери во XXI век низ призмата на тројството на Клаузевиц
THE THREAT FROM NON-STATE ACTORS IN XXI CENTURY THROUGH THE LENSES ON THE KLAUZEVIC TRIAD

Author(s): Nenad Taneski
Subject(s): Politics / Political Sciences, History
Published by: Филозофски факултет, Универзитет "св. Кирил и Методиј"
Keywords: недржавни актери;глобален тероризам;Клаузевиц;закани;Ал Каеда;

Summary/Abstract: Денес се уште постојат фундаментални прашања кои треба да бидат одговорени и преиспитани во однос на нашите постоечки сваќања за современите закани и нивната мутирачката природа по 11 Септември. Во изминатите години се случија настани кои не одеа во прилог на глобалното исламистичко движење на Ал Каеда. Бранот на популарни востанија познати како Арапска пролет резултираше со рушење на долгогодишните диктатори во Тунис, Египет, Либија и Јемен. Потоа, во мај 2011 година, со убиството на Бин Ладен, а подоцна и други високи лидери, Aл Каеда го доживеа најдраматичниот пораз губејќи го својот идеолошки лидер. Меѓутоа, после дванаесет години во новиот милениум и очигледниот пораз на сите отворени фронтови од страна на западните сили, овој асиметричен недржавен непријател се уште не е поразен. Кои се неговите долгорочни цели? Дали тоа е глобална организација, мрежа, бунтовничко движење или идеологија? Кој е нивниот центар на гравитација? Дали и понатаму е потребно да се користи терминот „непријател“ и истиот да се бара во државите на Блискиот Исток, а како клучен фактор за вложување на огромни воени и цивилни ресурси во справување со него и понатаму да се провлекува терминот „насилен екстремизам“? Овој труд има за цел да даде одговор на некои од овие прашања со цел да се разбере зошто постоечките воени доктрини и конвенционални методи не се ефикасни во справувањето со современите недржавни закани и дека очигледна е потребата истите да се редефинираат.

  • Issue Year: 4/2013
  • Issue No: 1
  • Page Range: 107-122
  • Page Count: 15
  • Language: Macedonian