Correlation between work engagement and quality of life of users living with support in residential units Cover Image

ПОВРЗАНОСТА МЕЃУ РАБОТНАТА АНГАЖИРАНОСТ И КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТ НА КОРИСНИЦИТЕ НА СТАНБЕНИТЕ ЕДИНИЦИ ЗА ЖИВЕЕЊЕ СО ПОДДРШКА
Correlation between work engagement and quality of life of users living with support in residential units

Author(s): Natasa Stanojkovska Trajkovska, Sofija Georgievska, Maja Arnaudovska
Subject(s): Psychology, Welfare services
Published by: Филозофскиот факултет во Скопје
Keywords: интелектуална попреченост; умерена и тешка интелектуална попреченост; ангажираност во домот; ангажираност во дворното место и економијата; ангажираност во дневниот центар; ангажираност во заедницата

Summary/Abstract: Во текот на изминативе пет децении се случија низа промени во третманот на лицата со интелектуална попреченост. Постои тенденција за редизајнирање на општеството дизајнирано за „здравите, способните и силните“ и создавање инклузивно општество еднакво за сите негови граѓани. Процесот на деинституцијализација е еден од процесите што особено придонесе за подобрување на квалитетот на животот на возрасните лица со интелектуална попреченост и нивна социјална инклузија во сите текови на современото живеење. Проценката на квалитетот на живеењето и поврзаноста со работната ангажираност на возрасните корисници е неизбежна, затоа што процесот резултира со нови конфигурации на потребите и услугите за поуспешна и подобра инклузија во општеството. Со истражувањето се опфатени 80 лица со интелектуална попреченост корисници на станбените единици за живеење со поддршка во Скопје и во Неготино. Заедничките заклучоци упатуваат на тоа дека корисниците на овие станбени единици сметаат дека се потребни дополнителни активности за исполнување на нивното слободно време. Исто така потребно е работно ангажирање на корисниците со повеќе активности затоа што тоа влијае на нивното расположение и се сметаат за општествено корисни граѓани. Генералниот заклучок покажува дека работната ангажираност влијае на квалитетот на животот на оваа категорија луѓе, што укажува на потребата од проширување на дејноста на дневните центри во Скопје и во Неготино и отворање на локалната средина за оваа категорија луѓе. Со ова ќе се придонесе за поголема самостојност и социјaлна инклузија на возрасните лица со интелектуална попреченост.

  • Issue Year: 2019
  • Issue No: 15
  • Page Range: 83-102
  • Page Count: 19
  • Language: English, Macedonian