The Agitated Angel Cover Image

Азган ангел
The Agitated Angel

Author(s): Ferid Muhić
Subject(s): Fine Arts / Performing Arts
Published by: Блесок

Summary/Abstract: Пред сè, скулптурата е чин. Повеќе од што и да е друго, таа е чин на исправање! Во почетокот, светот опстојувал хоризонтално. Суштествата кои стоеле, не биле свесни за големината на сопствената способност. Ако кревањето на првите примати, на две нозе, е физички означен почеток на процесот на исправање, првиот скулптор е првото човечко суштество кое престанало да биде ментален четириножец. Како прва свесно издигната вертикала, скулптурата е револт против и победа над онаа египетска хоризонтала на смртта што, со иста зла коба, може да се повлече над или под животното салдо и на генијот и на никаквецот, и на лавот и на овцата. Скулпторското дело е исправен камен и прв свесен знак на решеноста на живиот, и по смртта, да остане да стои. Дабот умира стоејќи, но, исправен во својата скулптура, скулпторот стои и по смртта.

  • Issue Year: 2000
  • Issue No: 13
  • Page Count: 5
  • Language: Macedonian