FEMININE PRINCIPLE IN THE BIBLE AND IN THE
NARRATIVE CORPUS OF MEDIEVAL LITERATURE Cover Image

Женскиот принцип во библискиот и во раскажувачкиот корпус на средновековната литература
FEMININE PRINCIPLE IN THE BIBLE AND IN THE NARRATIVE CORPUS OF MEDIEVAL LITERATURE

Author(s): Maja Jakimovska-Tošić
Subject(s): Gender Studies, Biblical studies, Theory of Literature
Published by: Институт за македонска литература
Keywords: biblical gender; biblical “femininity”; human sex (male: female); medieval belletristic texts; cycle of “bad women” stories; medieval anthologies with mixed content; Tikves Collection

Summary/Abstract: Во текстот, за нас е важно, да се проследи процесот во кој се конструира библиската „женскост,” како реалност на патријархалниот социјален модел и нејзината „адаптација” во Библијата и во белетрис- тичките средновековни текстови. Нашите примери преку библиските претстави и претставите во апокрифите и средновековните раскази на Адам и Ева, на Аврам и Сара, како и циклусот раскази за „лошите жени” (Далита, Велзавела, Иродијана и Теофана) од Тиквешкиот зборник во релација со стереотипните претстави од Библијата, ќе ни послужат како „антрополошка” и онтолошка матрица на целиот систем од погледи за жената и женскоста според библиското сфаќање како конструкт на средновековното поимање. За нас е важно да се одговори на прашањето дали и каде евентуално постои отстапување од стереотипите на предвидливата интерпретацијата на женскоста од библиската во неканонската и белетристичката средновековна книжнина. Овие текстови се проследуваат преку нивните варијанти согледани во средновековните зборници со мешовита содржина главно од јужнословенско потекло од типот на: Белградскиот зборник, Тиквешкиот зборник, Велешкото зборниче, зборникот на попот Прибил од 1409 година, Букурешки зборник и др. Особено значајни се примерите во популарниот Тиквешки зборник.

  • Issue Year: 2017
  • Issue No: 16
  • Page Range: 95-107
  • Page Count: 13
  • Language: English