The Drowned Man Cover Image

Давеник
The Drowned Man

Author(s): Slavko Janevski
Subject(s): Literary Texts
Published by: Блесок
Keywords: расказ

Summary/Abstract: Никогаш пред тоа, во долгата низа на нивните години, дванаесетте старци што седеа пред своите куќи не виделе по мирните води на езерото да плови давеник и да се слизне на брегот, на чија влага ќе остане, како што им доликува на покојниците, издолжен и неподвижен, бос. Веројатно заради горештината со која и јуни е дарежлив, доаѓањето на мртовецот не предизвика поголемо внимание во рибарското гратче. Повеќето луѓе и жени се наоѓаа зад ѕидовите на своите куќи. Деца немаше. Сепак, по малку време, неколцина млади луѓе со претчувство на можни незгоди - истрага, сослушување, сомненија - се собраа околу давеникот и веќе знаеја дека тој не е од овој крај, не е од нивната страна на езерото. Белата обвивка на него, лесна и ленена, изгледаше преголема. Давеникот имаше слаби коски и не беше надуен и модар. Чиниш спиел под дожд - ќе се разбуди.

  • Issue Year: 2000
  • Issue No: 15
  • Page Count: 3
  • Language: Macedonian
Toggle Accessibility Mode