The Post-Soviet Politician As Clown Cover Image

Пост-советскиот политичар како кловн
The Post-Soviet Politician As Clown

Author(s): Joel Schechter
Subject(s): Theatre, Dance, Performing Arts
Published by: Блесок
Keywords: БЕЛЕШКИ КОН „ДЕМОКРАТИЈА“ ОД ЈОЗЕФ БРОДСКИ

Summary/Abstract: Ова се работите што ја одбележуваат сцената на драмата ДЕМОКРАТИЈА од Јозеф Бродски, која започнува со лидерите на една, неименувана, источно-европска земја, поточно – во канцеларијата на Генералниот Секретар на нивната Комунистичка Партија - човекот кои тие го викаат „Генсек“. Уживајќи во луксузот и привилегиите на нивните високи функции, што им овозможуваат увозни дињи, тетреби во кавијар, кубански пури, џез, и (кога е потребно, нели) – американски лисици за раце, тие се сладат во својата гозба кога, не баш најочекувано, им паѓа в скут – уште една: имено, демократијата… Телефонскиот повик од Москва го информира Генсек – Васил Модестович, дека неговото мало државиче – „руско сателитче“ е прогласено за демократска држава. Настанува паника. Генсек и неговите министри ги познаваат француските парфеми, им се допаѓаат лисиците направени во Питсбург, како и џезот на Сидни Бекет, но немаат познавања од демократијата. Се разбира, како и би можеле, кога нивната демократија е прогласена одозгора, од страна на друга влада, и без оние оние над кои владеат? Министрите имаат само еден избор: да се повинуваат на наредбата – пред демократијата да им ја донесат руските тенкови.

  • Issue Year: 2000
  • Issue No: 15
  • Page Count: 3
  • Language: Macedonian
Toggle Accessibility Mode