The Macedonian King Caranus: among the Myth, History and Tradition Cover Image

The Macedonian King Caranus: among the Myth, History and Tradition
The Macedonian King Caranus: among the Myth, History and Tradition

Author(s): Katerina Mladenovska-Ristovska
Subject(s): Political history, Ancient World
Published by: Институт за национална историја

Summary/Abstract: Според најстариот запис на Херодот, основоположник на Македонското Кралство и на македонската кралска династија Аргеади бил кралот Пердика I, но кај подоцнежните автори се забележува дополнување на македонската кралска листа, најпрвин со еден, а во подоцнежните компилации со повеќе владетели пред него. Овие дополнувања во најголем дел се сметаат за неавтентични и неисториски, но сепак се предмет на историографски интерес и имаат одредено историско значење. Трудот се осврнува на првото дополнување на македонската кралска листа – кралот Каран. Се поставува прашањето која била причината за внесување на Каран на кралската листа. Дали Каран бил дел од македонската пропаганда во склоп на моменталната политичка неопходност за приближување кон хеленскиот свет, дали бил своевидна митска персонификација или пак, можеби, историска личност? Малобројните и фрагментарни податоци во историските извори не ни дозволуваат да дадеме категоричен одговор на овие прашања, но сепак нивната компаративна анализа би можела барем малку да фрли светлина на оваа тема и да нè доближи до вистината.

  • Issue Year: 2017
  • Issue No: 1
  • Page Range: 29-40
  • Page Count: 12
  • Language: Macedonian