Killing a Wild Rabbit Cover Image

Тепање див зајак
Killing a Wild Rabbit

Author(s): Trajče Krsteski
Subject(s): Literary Texts
Published by: Блесок
Keywords: расказ

Summary/Abstract: Денот им почна лошо. И за зајакот тоа утро, пред изгрејсонце, штотуку заденето, почна лошо. Ним најпрвин им се дупна гумата од автомобилот, а зајакот, откако загарите го скорнаа, една сачма го рани во левата бутина. Но, да започнеме со ред. Уште неразденето, тројцата: Брадестиот, Мустаклијата и Сопственикот на автомобилот тргнаа по габи. Како што тоа бидува во такви случаи, најпрвин се натегаа која насока да ја фатат, но накрај сложно се договорија за Крушевските планини. Кога веќе излегоа од градот, во автомобилот качија еден селанец кој од работ на патот со несигурна рака им даваше знак да застанат. Го поиспрашаа селанецот и тој им рече дека во близината на неговото село, а тоа беше селото Р., веднаш во ридчето кое не е многу големо, можат да се најдат купишта габи. Тие најпрвин се посомневаа да не да ги мами за да го одвезат в село, но селанецот имаше добродушно лице и смирено говореше пушејќи цигара што сам ја свитка од серт тутун кој веднаш им ги заштипе очите. Можеби затоа, а и заради првобитната нерешителност го послушаа и веќе на првата раскрсница, кога млечнобелата светлина го најавуваше утрото, ја заменија наумената насока. Во средината на селото Р. Се запреа пред колонијалната продавница, селанецот слезе, откако најпрвин посака да им плати за превезувањето, а тие широкоградо се насмевнаа одбивајќи ги понудените пари, во истовреме уште еднаш давајќи им ги потребните упатства каде најточно да ги бараат габите. Им рече: - Ете, го гледате ли овој пат?

  • Issue Year: 2000
  • Issue No: 16
  • Page Count: 6
  • Language: Macedonian
Toggle Accessibility Mode