The House of Lunatics Cover Image

Куќата на лудаците
The House of Lunatics

Author(s): Mitko Madžunkov
Subject(s): Literary Texts
Published by: Блесок
Keywords: расказ

Summary/Abstract: Куќата се наоѓаше сред празната чистинка, близу до мочуришното устие слично на злокобна шепа, сред маглата и топлите пареи. Нејзината внатрешност, меѓутоа, дење-ноќе беше блескаво осветлена. Секој болен си имаше своја соба, послана со тенки килими, со неверојатно многу украси. Сите соби имаа двојна перспектива: штом ќе се отвореше големата двокрилна врата, целиот простор се стопуваше во раскошен бидермаерски салон; отворањето на помалата врата создаваше поинаква глетка: во длабочината разоткриваше двор со полски нужник каде што една по друга клечеа жени. Доаѓаа со мажите како на корзо, ги собуваа новите чевли и фустани, по долги гаќи влегуваа во клозетот и не затворајќи ја вратата — нужникот можеби беше без врата — седеа на дрвените постаменти.

  • Issue Year: 2000
  • Issue No: 16
  • Page Count: 1
  • Language: Macedonian