Ethnic gentrification. The silent fight for a Macedonian city. Cover Image

Етничка гентрификација. Тивката борба за еден македонски град.
Ethnic gentrification. The silent fight for a Macedonian city.

Author(s): Robert Rydzewski
Subject(s): Anthropology
Published by: Институт за етнологија и антропологија, Универзиетет »Св. Кирил и Методиј«
Keywords: етничка гентрификација; гетоизација; етнизација; Тетово, Македонија.

Summary/Abstract: По распадот на Југославија може да се забележи значителен пораст наважноста на етничкиот идентитет кај сите балкански држави. Како резултат на тоа,забележлива е една иредентистичка тенденција во овој регион. Борбите за созда-вање на моноетнички држави се претворија во граѓански војни на Балканскиот По-луостров во раните 1990-ти години. Македонија, и покрај тоа што е поранешна ре-публика на Југославија, беше релавитно стабилна. Сепак тоа не значи дека етнич-носта не игра голема улога во независна Македонија. Етничноста го остава својотбелег на политиката, општеството и на македонските градови. Во последните годи-ни градските власти во Тетово, град во северозападниот дел на Македонија, се оби-дуваат да наметнат еден нов идентитет. Оваа локална политика е соодветна на по-широката национална борба за национален идентитет3 и за поседувањето на јавни-те градски простори. Истовремено, сведоци сме на процесот на еманципација наалбанската заедница што влијае на општествените односи. Како резултат на про-мената, етничките Македонци се потиснати надвор од Тетово, вториот по големи-на град во државата. Во овој текст сакам да покажам дека ова што се случува можеда се нарече етничка гентрификација. Ќе се обидам да го развијам концептот нагентрификација (Glass 1964) и накратко да ја образложам легитимноста на проши-рувањето на овие востановени концепти.

  • Issue Year: 2015
  • Issue No: 14
  • Page Range: 8-36
  • Page Count: 15
  • Language: English, Macedonian