The Slavic Chest Cover Image

Словенскиот ковчег
The Slavic Chest

Author(s): Venko Andonovski
Subject(s): Theatre, Dance, Performing Arts
Published by: Блесок
Keywords: драма (извадок)

Summary/Abstract: Во Скопје, некаде кон крајот на шеесеттите и почетокот на седумдесеттите години, кога имав пет-шест години, децата од перифериите (каде израснав и јас) многу често се забавуваа на тој начин што со помош на рацете и некои предмети, во темни простории, под свеќа, правеа сенки. Некои од нив станаа вистински мајстори во тоа: раката, со мала магија се претвораше во гуска, во ѓавол со рогови, во пес, во клун, во змеј, во коњ со крилја. Предметите го менуваа ликот: иглата за шиење, со помош на лупа стануваше дете во повој, вилушката стануваше престрашен човек или трозабец оставен пред влезот на заводливиот подземен свет на сенките. Многу од тие трикови и метаморфози сум ги заборавил, а на нив се потсетувам сега, кога со ќерка ми, при луња и прекин на струја се обидувам да го повторам истото. Во Скопје тогаш често немаше струја. Тоа се викаше рестрикција. Не знам зошто сега нема рестрикции. Веројатно сме побогати. Но знам дека сме посиромашни за светот на сенките. За тој свет сега читаме само од старите митолошки книги. Оваа пиеса им ја посветувам на сите оние од мојата генерација кои ги продадоа сенките. И заминаа да живеат во еден светол свет, свет на брусени метали, конзервирани минерали, блед неон и светла перспектива.

  • Issue Year: 1999
  • Issue No: 09
  • Page Count: 8
  • Language: Macedonian