FAMILY PHOTOGRAPHY AND NARATION Cover Image

СЕМЕЈНА ФОТОГРАФИЈА И НАРАЦИЈА
FAMILY PHOTOGRAPHY AND NARATION

Author(s): Vesna Petreska
Subject(s): Anthropology
Published by: Институт за етнологија и антропологија, Универзиетет »Св. Кирил и Методиј«
Keywords: семејна фотографија; свадба; обреди; терен; нарација

Summary/Abstract: За визуелните документи што настануваат во состав на семејството или се поврзани со животот на определена личност, кои исто така бележат исклучител- ни моменти од текот на постоењето на едно семејство или пак ги документираат об- редите на премин (свадба, раѓање на дете, родендени, смрт и сл.), се смета дека го отсликуваат идеотипското доживување на самиот себе или на семејството. Но, во истражувањето ќе се земе предвид комуникацискиот аспект што го нудат фотогра- фиите во текот на теренското истражување. Акцентот е ставен на искуството здо- биено при сопствените теренски истражувања кога предмет на интерес беа обреди- те од семејниот циклус, особено свадбата, но и обредите при крштевка, раѓање на дете, кога овие моменти во многу случаи ми беа раскажувани со помош на фотогра- фија. Величествениот однос кон фотографијата, но и можноста за правење фотоп- рикаска, особено доаѓаше до израз кога кажувачите ќе ги извадеа грижливо чувани- те фотографии. Понатамошниот брз развој на фотографијата овозможува јавување на семејните фотоалбуми, кои се најпрво животно-историски класификации, тема- тизирајќи ги главните фази од животниот циклус. Во овој контекст можат да се спо- менат семејните албуми со новороденче, крштевка, свадба итн.

  • Issue Year: 2015
  • Issue No: 12
  • Page Range: 38-54
  • Page Count: 9