“BULGARIAN PASSPORTS” – POSSIBILITIES FOR GREATER MOBILITY OF MACEDONIANS AND/OR STRATEGIES FOR IDENTITY MANIPULATION? Cover Image

БУГАРСКИ ПАСОШИ – МОЖНОСТ ЗА ПОГОЛЕМА МОБИЛНОСТ НА МАКЕДОНЦИТЕ И/ИЛИ СТРАТЕГИИ ЗА МАНИ-ПУЛИРАЊЕ СО ИДЕНТИТЕТОТ
“BULGARIAN PASSPORTS” – POSSIBILITIES FOR GREATER MOBILITY OF MACEDONIANS AND/OR STRATEGIES FOR IDENTITY MANIPULATION?

Author(s): Ljupčo Risteski
Subject(s): Anthropology
Published by: Институт за етнологија и антропологија, Универзиетет »Св. Кирил и Методиј«
Keywords: бугарски пасоши; Македонци; идентитет; Западен Балкан; ЕУ; виза.

Summary/Abstract: Во Република Македонија од осамостојувањето во 1991 г. општествено- политичката ситуација е доста динамична и турбулентна, а економската ситуација загрижувачка. Огромен е бројот на невработени луѓе, кои веќе тешко можат да ра- ботат како печалбари во европските и прекуокеанските земји токму поради пробле- мите со визите. Така, со процесот на пристапување на Бугарија кон ЕУ, очекувано започна да се зголемува интересот на македонските граѓани за добивање бугарско државјанство, а со тоа за стекнување и со лични документи и, како најважно, па- сош на Република Бугарија. Кога размислуваме за стратегиите, за концептот на др- жавјанството, кој всушност практички го овозможува стекнувањето на поединците со документи за лична идентификација и патни исправи, логички е да се тргне од идејата на Маршал дека државјанството како концепт се состои од три главни еле- менти или димензии. Првиот е дека државјанството претставува легален статус на поединецот, вториот елемент му ги обезбедува политичките, а третиот социјални- те права и обврски. Така, кога државјанството се набљудува како стратегија од ас- пект на поединецот, најблиску до реалноста е ако тоа се поврзува со остварување на легалниот статус, кој во случајот на македонските граѓани им обезбедува патни исправи што им го отвораат патот кон земјите во светот. Од друга страна, пак, исто- риските и дневнополитичките случувања на оспорување на македонскиот национа- лен и етнички идентитет, на јазикот и сл., доведуваат до размислувања во македон- ската јавност дека и оваа стратегија е уште една од многуте досега применувани на Бугарија кон Македонците за разнишување на идентитетот.

  • Issue Year: 2014
  • Issue No: 10
  • Page Range: 80-104
  • Page Count: 13