NATIONAL HUMAN RIGHTS INSTITUTIONS AND THE ACCREDITATION PROCESS Cover Image

НАЦИОНАЛНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И ПРОЦЕСОТ НА АКРЕДИТАЦИЈА
NATIONAL HUMAN RIGHTS INSTITUTIONS AND THE ACCREDITATION PROCESS

Author(s): Silva Pesic
Subject(s): Law, Constitution, Jurisprudence
Published by: Центар за регионални истражувања и соработка Студиорум
Keywords: Париски принципи; МКК; национални институции за Човекови права; акредитација

Summary/Abstract: Независноста е во јадрото на меѓународните стандарди за Националните институции за човекови права – Париските принципи. Системот на меѓународна акредитација им помага на Националните институции да бидат гаранти на човековите права дома и на меѓународно ниво. Обезбедувањето независност и давањето насоки како таа да се постигне е непроценлив потфат на Меѓународниот координативен комитет кој им помага на Националните институции ефикасно да ја исполнат својата улога поврзана со човековите права. Една од двете Национални институции во државата - Народниот првобранител - поднесе барање и беше акредитирана со статус Б за нецелосна усогласеност во 2011 година, со препораки за измена на регулативата во насока на поширок мандат, транспарентно назначување и разновидност на составот како и да соодветно финансирање и соработка со меѓународниот систем на човекови права. Останува надежта дека сите засегнати страни сериозно ќе ги сфатат препораките да се зајакнат Националните институции во државата кои ќе прераснат во кредибилни гаранти на остварувањето на меѓународните гаранции за човекови права.

  • Issue Year: 2012
  • Issue No: 16
  • Page Range: 09-24
  • Page Count: 16
  • Language: Macedonian