Ironies and Paradoxes Cover Image

Иронии и парадокси
Ironies and Paradoxes

Author(s): Hugh Bredin
Subject(s): Literary Texts
Published by: Блесок

Summary/Abstract: Во современата литературна култура мошне е раширено уверувањето дека иронијата и парадоксот се во голема мерка сродни. Ова се должи на големото значење коешто, во современите вреднувања на литературата, и’ се припишува на употребата на јазикот. Се чини дека иронијата и парадоксот ги отелотворуваат оние видови на јазично бунтовништво, иновација, девијација и игра, коишто во текот на ова столетие станаа доминантни критериуми на литературната вредност. Поврзувањето на иронијата со парадоксот, и на обете со литературата, честопати и’ се припишува на „Новата критика“, а особено на Клинт Брукс (Cleants Brooks). Сепак, Брукс ги употребуваше овие два термина на еден неконвенционален, дури и ексцентричен начин, кој значително се разликува од нивната употреба во теоријата на фигурите. Затоа јас ги испитувам иронијата и парадоксот како вербални фигури, одбележувајќи ги нивните карактеристични одлики и критериуми, а особено начинот на кој тие се разликуваат една од друга (на пример, парадоксот сака да го каже токму она коешто го кажува, а со иронијата тоа не е случај). Јас го застапувам гледиштето дека иронијата и парадоксот - како што ги сфаќаше Брукс - поседуваат значајна блискост со иронијата и парадоксот како фигури, но дека мораат да се сметаат за различни, како во теоријата на фигурите, така и во Бруксовата проширена смисла.

  • Issue Year: 1999
  • Issue No: 10-11
  • Page Count: 5
  • Language: Macedonian