Urban legends as mechanisms for creating fear in the films Moloch and Bagman Cover Image

Урбаните легенди како механизам за создавање страв во филмовите Moloch и Bagman
Urban legends as mechanisms for creating fear in the films Moloch and Bagman

Author(s): Kristina Dimovska
Subject(s): Film / Cinema / Cinematography
Published by: Институт за фолклор "Марко Цепенков" - Скопје
Keywords: современо дефинирање; одредница „урбана легенда“/„урбан фолклор“; филмови од жанрот хорор/ужас; Moloch (филм; 2022); Bagman (филм; 2024)

Summary/Abstract: Апстракт: Терминолошката одредница „урбана легенда“ (или „урбан фолклор“) често пати предизвикува конфузија кај некои помлади истражувачи на фолклорот. Ова се должи на тоа што разбирањето на терминот е поврзано со значењето што го има тој во популарната култура, однесувајќи се на „вистински“ случувања, кои во заднина имаат ужасен, страшен настан, или барем настан што предизвикува ефект на нешто страшно и ужасно. Но, терминот како таков е оксиморон затоа што упатува на случување во урбана средина, што е спротивност од традиционалното, класично, лаичкото сфаќање на фолклорот како рурална творба, како плод на селската средина и на менталитетот на селскиот човек.Во трудот ќе се дадат теориски дефиниции за терминолошката одредница „урбана легенда/урбан фолклор“ и ќе се разгледа како овој термин е трансформиран и транспониран во два филма од жанрот хорор/ужас – холандскиот филм Moloch (2022) на режисерот Нико ван ден Бринк и американскиот филм Bagman (2024) на режисерот Колм Мекарти.Овие два филмски примери се земени во фокусот затоа што се современи, а современото ползување на урбаната легенда ќе помогне да се сфати овој термин во современ контекст. И двата филма се втемелени на урбана легенда – во случајот со првиот филм, централна фолклорна фигура е ликот на богот Молох, а во случајот со вториот филм, централен е фолклорниот лик на т.н. „торбар“. Целта на трудот е да објасни како урбаната легенда во филмот служи како механизам за создавање на страв и зошто е тоа така.

  • Issue Year: LVI/2025
  • Issue No: 88
  • Page Range: 253-262
  • Page Count: 10
  • Language: Macedonian
Toggle Accessibility Mode