Луѓе од слама
Straw People
Author(s): Krste ChachanskiSubject(s): Literary Texts
Published by: Блесок
Keywords: расказ
Summary/Abstract: Беше декември, крајот на есента 1972, и одев во прекоманда во Третиот пешадиски полк во Н. Се разделував од камените ѕидови со кои беше оградена Школата како од сон и како во сон; бев завршен офицер на ШРО во Билеќе, но немав радост, нешто секна во мене, пресуши. Другите офицери се збогуваа, се прегрнуваа, беа лавина што окопнува одеднаш, а јас испразнет однатре, веев во воздухот како трепетлика, бессилен, зачуден и врзан од онаа воздушеста копрена што ги обвива разделбите. Гледав во таа искрена, чиста слика од далеку, колку само оддалечен, а тука, во средиштето на таа зазбифтана пифтија што се прегрнува и се топи. Сега знам, тогаш барав откинат дел, скинато парче од мојата душа што ѕвони некаде низ камењата на Херцеговина, скита таму некаде и не може да умре.
Journal: Блесок - литература и други уметности
- Issue Year: 2000
- Issue No: 12
- Page Count: 3
- Language: Macedonian
