FAILING SYSTEMS AND REDEMPTIVE THEATERS: COMMUNICATION, PERFORMANCE, AND THE ROLE OF FICTION Cover Image

Пропаѓачки системи и исцелувачки театри: комуникацијата, перформансот и улогата на фикцијата
FAILING SYSTEMS AND REDEMPTIVE THEATERS: COMMUNICATION, PERFORMANCE, AND THE ROLE OF FICTION

Author(s): Stefan Noshpal
Subject(s): Theory of Communication, Theory of Literature
Published by: Институт за македонска литература
Keywords: communication; performance; fiction; authenticity; postmodernism

Summary/Abstract: Овој текст го претставува односот помеѓу комуникацијата и перформансот, анализирајќи го во контекст на модерните семиотски, економски и информациско-технолошки системи. Поврзаните ефекти на овие системи доведуваат до негативна состојба на нивните учесници, каде што самите учесници потпаѓаат под функцијата на перформансот побарана од нив, најмногу од различни економски и социолошки причини. Поради тоа, тие системи го претвораат чинот на комуникација во чин на перформативна функција која ги условува своите учесници да ја гледаат комуникацијата како процес на социјална и економска трансакција, губејќи го елементот на емпатија, сочувство и автентичност. Ова ја позиционира комуникацијата надвор од системот на релација на моќ и ги претставува учесниците/другите комуникатори како објекти потребни само за таа перформативна функција. Ефектот на овој феномен е тоа што негативно влијае на емотивната и психолошката состојба на самите учесници, со тоа што предизвикува чувство на потребна неавтентичност за функција вон тие системи, што понатаму предизвикува тешкотија во можноста за емпатија и психолошки здрави односи. Поголемиот проблем на овој феномен е тоа што, бидејќи овие системи се неверојатно комплексни, повеќето учесници стигнуваат до фаталистички одговор, во кој се тргаат себеси од проблемот и од можноста за решение. Едно решение поставено овде е дека приказните кои ги раскажуваме вон овие системи се неверојатно важни за самото разрешување на проблемите на тие системи, односно односите меѓу тие учесници. Ако фикцијата која постои во тие системи ги пропагира негативните компоненти на тие системи – поточно, иронија, неавтентичност, самоважност наспроти емпатија, објектификација на личности итн. – тогаш негативните компонентите на тие системи се зголемуваат. Наспроти тоа, раскажувајќи и давајќи важност на приказни кои ја зголемуваат вредноста на комуникацијата како чин на искреност, автентичност и емпатија, им дава можност на учесниците да се дефинираат и себеси и сопствената вредност како различна од дадената економска или перформативна вредност. Така приказните добиваат терапевтска и комуникативно важна функција, наспроти само економската функција.

  • Issue Year: 2023
  • Issue No: 28
  • Page Range: 73-81
  • Page Count: 9
  • Language: English