HEROES ON PEDESTALS AND “HEROINES OF OUR TIME” AT THE WOMAN FIGHTER PARK. CONFLICTING FORMS OF COMMEMORATION AND VISIBILITY IN SKOPJE Cover Image

ХЕРОИ НА ПИЕДЕСТАЛИ И „ХЕРОИНИ НА НАШЕТО ВРЕМЕ“ ВО ПАРКОТ „ЖЕНА БОРЕЦ“ КОНФЛИКТНИ ФОРМИ НА КОМЕМОРАЦИЈА И ВИДЛИВОСТ ВО СКОПЈЕ
HEROES ON PEDESTALS AND “HEROINES OF OUR TIME” AT THE WOMAN FIGHTER PARK. CONFLICTING FORMS OF COMMEMORATION AND VISIBILITY IN SKOPJE

Author(s): Sofia Grigoriadou
Subject(s): Social Sciences, Gender Studies, Fine Arts / Performing Arts, Visual Arts, Sociology
Published by: Институт за етнологија и антропологија, Универзиетет »Св. Кирил и Методиј«
Keywords: Скопје 2014; јавен простор; споменици; активизам; феминизам; парк „Жена борец“; сликање; уметност; сеќавање

Summary/Abstract: Во текот на последната декада проектот за урбана преродба Скопје 2014 наметна значителни промени во центарот на градот и значително го реконструира културното наследство. Овој проект го утврди, односно го зајакна родовиот концепт на националниот идентитет според кој од жените се бара да обезбедат размножување на нацијата и да бидат мајки на нацијата. Овој текст се фокусира на преговарањето помеѓу официјалното и неофицијалното наследство, сеќавањето и видливоста во последните десет години во Скопје. Текстот ги следи женските и ЛГБТКИА-активисти додека се здружуваат во спротивставувањето на официјалните, алтернативните или субверзивните артефакти на наследството, како и на јавните простори на кои им се припишува неинклузивно значење. За да го направи тоа, текстот ги носи читателите низ јавните простори на Скопје, почнувајќи од северниот брег на Вардар и понатаму до паркот „Жена борец“, во кој, и покрај името што го носи, во моментов има скулптури што ги слават главно машките херои. Во продолжение, текстот ги носи читателите во една посебна дневна соба украсена со портрети на современи хероини. Токму тука и со одредени дополнувања од авторитарното монументално сликарство, текстот ја препознава моќта на сликањето да воодушеви, да обележи и да прослави и во исто време ни открива дека галериското сликарство може да ги протне своите нишки во јавниот простор. Текстот на крајот се враќа во паркот во придружба на двоен портрет со цел да ги истражи практиките на уметниците и активистите во однос на социјалистичките споменици. На крајот се придружува на првата Парада на гордоста во Скопје, која ја следат погледите на мажествените скулптури во паркот.

  • Issue Year: 2021
  • Issue No: 21
  • Page Range: 156-204
  • Page Count: 25
  • Language: Macedonian