HISTORICAL MEMORY AND OFFICIAL HOLIDAYS IN BULGARIA UNDER SOCIALISM Cover Image

ИСТОРИСКОТО ПАМЕТЕЊЕ И ДРЖАВНИТЕ ПРАЗНИЦИ ВО БУГАРИЈА ВО ВРЕМЕТО НА СОЦИЈАЛИЗМОТ1
HISTORICAL MEMORY AND OFFICIAL HOLIDAYS IN BULGARIA UNDER SOCIALISM

Author(s): Petko St. Petkov
Subject(s): Politics / Political Sciences, Politics, History, Political history, Social history, Politics of History/Memory
Published by: Институт за етнологија и антропологија, Универзиетет »Св. Кирил и Методиј«
Keywords: бугарска држава; државни празници; државен социјализам; 1 Мај; 9 Септември; национален празник; Трети март; Дваесет и четврти мај

Summary/Abstract: Во овој извештај се разгледува развојот на календарот на државните празници во Бугарија, особено во времето на државниот социјализам. Анализата покажува дека воените победи не се главен мотив при изборот на официјалните денови за паметење. Дури и бугарските воени достигнувања немаат посебно место во формирањето на официјалните државни празници на нова Бугарија. Календарот на прослави не ги опфаќa победите на Бугарите во средниот век, а во дваесеттиот век нема нови воени победи. Во периодот на социјализмот, главниот фокус се става на празниците 1 Мај (меѓународниот ден на трудот) и 9 Септември (1944), прогласен за „Ден на слободата“ во 1945 година. Како и сите други настани во животот на народната република, празникот се користи само за функционална цел – да обедини, да се нагласи обединувањето, да се реафирмира лојалноста кон владејачката партија и кон новата идеологија, да се покаже сигурност во неизбежното доаѓање на просперитетот и „светлата иднина“ – комунизмот. Особено внимание се посветува на поткрепувањето на тврдењето дека Трети март е наметнат како државен празник од комунистичката власт на почетокот на деведесеттите години од ХХ век. Тој не е толку погоден за оваа улога како што е себугарскиот празник 24 Мај. Тоа е така бидејќи државните празници, вклучувајќи го и единствениот национален празник досега (3 Март), секогаш биле определувани со политичка одлука – до 1944 година од страна на монархот, Народното собрание и од посебно овластено министерство, а по 1944 година, главно од Советот на министрите или од Државниот совет, а ретко од Народното собрание.

  • Issue Year: 2020
  • Issue No: 20
  • Page Range: 270-296
  • Page Count: 14
  • Language: Macedonian