TITO RETURNS TO SKOPJE: THE FORGOTTEN MEMORIES OF JOSIP BROZ Cover Image

„ТИТО СЕ ВРАЌА ВО СКОПЈЕ“: ЗАБОРАВАНИ СЕЌАВАЊА ЗА ЈОСИП БРОЗ
TITO RETURNS TO SKOPJE: THE FORGOTTEN MEMORIES OF JOSIP BROZ

Author(s): Ines Crvenkovska-Risteska
Subject(s): Politics / Political Sciences, Politics, Politics of History/Memory
Published by: Институт за етнологија и антропологија, Универзиетет »Св. Кирил и Методиј«
Keywords: Јосип Броз Тито; сеќавање; заборавање; СР Македонија; постсоцијалистичка Република Македонија

Summary/Abstract: По распаѓањето на СФР Југославија, во независната Република Македонија се случуваа наизменични временски периоди кога сеќавањето и заборавањето на ликот и делото на Ј. Б. Тито се интензивираа или се неутрализираа низ одредени постапки на политичките елити. Во овој текст се обидувам ова да го разгледам низ примери на односот на државните власти и политичките центри на моќ како во случајов односот кон уметничкиот портрет на Ј. Б. Тито од авторот Д. Кондовски, кон пораката на Тито искажана по земјотресот во Скопје во 1963 година и испишана на ѕидот на старата железничка станица – денешен Музеј на град Скопје и кон други културни споменици и институции поврзани со сеќавањата на Ј. Б. Тито. Во периодите по независноста на Република Македонија кога на власт e партијата ВМРО-ДПМНЕ, забележителна е тенденцијата за отстранување или криење на уметничките дела на кои е претставен Ј. Б. Тито во музејските депоа, со цел „бришење“ или заборавање на делото на Ј. Б. Тито од македонските колективни сеќавања. Од друга страна, пак, иницијативите што се појавуваат на интернет и во јавните медиуми во циклусите кога ВМРО-ДПМНЕ не е на власт, посебно по 2017 година, се залагаат за враќање на пораката на Ј. Б. Тито на ѕидот на Музејот, со што иницијаторите сметаат дека сеќавањето за Ј. Б. Тито ќе се врати во воспоставената идеја за градот Скопје како град на солидарноста, бидејќи, според нив, „едноставно тој концепт е нешто што секое здраво општество го негува“.

  • Issue Year: 2020
  • Issue No: 20
  • Page Range: 92-128
  • Page Count: 19
  • Language: Macedonian