METAFICTION AND NARRATION IN IAN MCEWAN’S ATONEMENT
Метафикција и нарација во Искупување на Иан Мекјуан
Author(s): Sanberk YusufSubject(s): Essay|Book Review |Scientific Life
Published by: Институт за македонска литература
Keywords: narration; metafiction; voice; storytelling; fiction
Summary/Abstract: Овој текст ги анализира клучните елементи на метафикцијата и нарацијата кои го прават романот ,,Искупување“ (Atonement) стожерно дело на aнглиската постмодернистичка проза. Значајните својства на метафикцијата која директно го разработува односот помеѓу читателот и текстот е една од главните точки во овој текст. Импликациите на временските пропусти, перспективи и ретроспективи поврзани со текот и заплетот во романот се едни од клучните точки за кои се зборува во текстот. Постмодернистичките алатки на Жерар Женет во врска со наративниот дискурс се користат за појасно прикажување на мисловниот процес на Брајони во нејзината млада и зрела фаза од животот. Овие техники се користат за поставување на атмосферата и овозможување на целосен преглед на делото. Метафикцијата како постмодернистички предмет му помага на читателот да биде предупреден за неверодостојноста на нараторот во текстот како и самиот автор. Овој текст ги нагласува и можните последици од критичката интерпретација и книжевната имагинација на читателот. Сепак, се работи за роман во кој се создава книжевност и во кој е потребно од читателот да донесе одлука дали да верува или не на нараторот за тоа што е вистинито а што не во самиот текст. Мекјуан го привлекува читателот раскажувајќи една приказна, а во исто време постојано потсетува на тоа дека делото е фикција. Развојот на ликот на Брајони преку примена на различните перспективи, организацијата на структурата како и повеќекратните нивоа на значење кои се опфатени во дејствието, ја утврдува вештината на Мекјуан и го прави ова дело еден исклучителен пример на постмодернистичка прозна метафикција.
Journal: Context/Контекст
- Issue Year: 2022
- Issue No: 26
- Page Range: 97-104
- Page Count: 8
- Language: English
