Деконструкционистичка анализа на внатрешното и  надворешното време во "Г-ѓа Деловеј" Cover Image

A DECONSTRUCTIONIST ANALYSIS OF INTERNAL AND EXTERNAL TIME OF "MRS. DALLOWAY"
Деконструкционистичка анализа на внатрешното и надворешното време во "Г-ѓа Деловеј"

Author(s): Alma Dema
Subject(s): Language and Literature Studies, Studies of Literature, British Literature
Published by: Институт за македонска литература
Keywords: Вирџинија Вулф; Г-ѓа Деловеј; надворешно време; внатрешно време; бинарни опозиции; деконструкционизам

Summary/Abstract: Овој труд ги анализира внатрешното и надворешното време во еден од најважните романи на Вирџинија Вулф, романот Г-ѓа Деловеј. Концептите на внатрешно и надворешно време се централни за делата на Вулф. Преку оваа опозиција, романите на Вулф ја стимулираат анализата не само на времето како негов главен работен концепт во него, туку и на третманот на темите што се фокусираат на смислата на животот. Со третирање на други слични спротивставени идеи на овие во нејзините дела, трудот покажува како таа гради сопствена филозофија дека времето е кревко и нестабилно како животот. Нејзината филозофија, како и нејзините чувства и мислите на ликовите се менуваат; тие претставуваат различни исходи во надворешниот свет. Следејќи ја авторската филозофија за нестабилност, кревкоста и нестабилноста на внатрешното и надворешното време во романите на Вулф формираат триаголник во кој е вклучена свесноста за себе. Се користи деконструкционистички пристап за да се продлабочат овие анализи. Исто така, бинарните опозиции препознаени во текстовите за оваа теза вклучуваат внатрешно и надворешно време, минато и сегашност, младост и старост, живот и смрт, ред и неред, дејство и неактивност, празнина и целовитост, ден и ноќ, привременост и постојаност, единство и поделеност и слично. Анализата детално ги проследува таквите бинарни содржини, задржувајќи се на ликовите, темите и заплетите во романот.

  • Issue Year: 2022
  • Issue No: 25
  • Page Range: 121-127
  • Page Count: 7
  • Language: English