OHRID AS A CRADLE OF CULTURE (CULTURAL HERITAGE AS A POTENTIAL FOR CULTURAL TOURISM)
Во трудот го согледуваме Охрид и подрачјето на охридскиот регион со своето богато културно наследство и извонредно долга културна историја како потенција за развој на повеќето облици на културен туризам (креативен, спиритуален, активен, екотуризам). Ваквите содржински аспекти на културниот туризам, согласно новите туристички побарувања, го определуваат секое дестинациско место како одреден производ, со посебен идентитет и вредност, кое треба добро да се дизајнира и да се претстави на туристичките пазари, што во нашиот случај овие потенцијали ги согледуваме врз примерот на градот Охрид. Во таа насока се поставува прашањето колку и како градот Охрид може да го промовира својот автентичен туристички „look”, во кој се вградуваат повеќе културни миксови, како древно културно наследство (со неолитски, антички, византиски, ортодоксни, отомански слоеви) како разновидни цивилизациски културни споеви, во вид на атрактивна дестинација. Кон нив ги додаваме како значајни дополнителни фактори отвореноста на луѓето, духот на местото, магичната култура и богатата историја на градот и поширокото подрачје.
More...