FROM A FRESCO TO A POEM: THE TOPOS OF MOTHERHOOD AND MATERNAL SUFFERING IN THE BIBLE, MEDIEVAL FRESCOS AND CONTEMPORARY MACEDONIAN POETRY Cover Image

Од фреска до песна: топосот на мајчинството и мајчинското страдање во Библијаtа, средновековните фрески и современата македонска поезија
FROM A FRESCO TO A POEM: THE TOPOS OF MOTHERHOOD AND MATERNAL SUFFERING IN THE BIBLE, MEDIEVAL FRESCOS AND CONTEMPORARY MACEDONIAN POETRY

Author(s): Vladimir Martinovski
Subject(s): Biblical studies, Theory of Literature
Published by: Институт за македонска литература
Keywords: Macedonian poetry; Bible; frescopainting; Virgin Mary; ekphrasis

Summary/Abstract: Уште во ранохристијанската уметност, сцените од Библијаtа биле транспонирани во ликовни творби, а визуелната нарација на библиските собитија го доживеала својот зенит во средновековното византиско фрескосликарство. Во оваа студија низ перспективата на меѓууметничките односи предлагаме компа-ративна анализа на топосот и симболизмот на мајчинството и на мајчинското страдање, преку просле-дување на претставувањата во: 1) Библијаtа, 2) средновековното сликарство (претставувањата на Бого-родица и Рахела во црквите Св. Ѓорѓи во Курбиново, XII век, Св. Пантејлемон, XII век и Св. Димитрија [Марков манастир], XIV век) и 3) современата македонска поезија. За таа цел, во фокусот на нашиот интерес се поетските творби поврзани со топосот на мајчинството и мајчинското страдање, како и со иконографијата на Блаgовешtениеtо, Симнувањеtо од крсtоt и Оpлакувањеtо. Темата на мајчинството е во тесна релација со композицијата Блаgовешtение во црквата Св. Ѓорѓи во Крубиново, композиција која се смета за еден од најголемите дострели на византиска уметност од XII век. Во поетскиот опус на Катица Ќулавкова (1951) има неколку впечатливи песни поврзани со библис-киот интертекст, а песната „Пред фреската ‘Благовештение’“ од поетската книга Блаgовесtи (1975) е амблематична за односот Библија-сликарство-поезија од неколку аспекти: 1) Насловот прецизно ја лоцира гледната точка во набљудувањето на иконографската претстава „Благовештение“. На тој начин не само што набљудувачот е поставен пред средновековната фреска, ами таа позиција имплицитно му се „нуди“ и на читателот на песната. 2) Читателот дознава дека се работи за женски лирски субјект токму благодарение на тематизирањето на мајчинството, кое се наоѓа во основата на иконографската претстава. Како во библиската приказна, и во песната на Ќулавкова гласот на архангелот има моќ да оплодува и да го буди мајчинството. 3) Лирскиот субјект во оваа песна му се обраќа на ангелот од фреската, со што ликовното дело станува еден вид посредник меѓу библиските текстови и современиот поет. Песните на Михаил Ренџов (1936) создадени во дијалог со нерешкиот фрескопис се поместени во стихозбирката Нерези (1982), единствената поетска книга во современата македонска литература која е целосно посветена на овој манастирски комплекс. Имајќи ја предвид екфразиската природа на оваа поезија, покрај тоа што поднасловите одат во прилог на експлицитната цитатност, на овој начин се навестува дека она што стои пред читателот е „фреска насликана со зборови“. Ако се има предвид дека извор на средновековните фрески се библиските текстови, поезијата на Ренџов е интертекстуална и интермедијална истовремено: песната води дијалог како со фреските од Нерези, така и со библиските текстови. Во оваа смисла, особено впечатлива е песната „Симнување од крстот “: за разлика од наслика-ната композиција, која, согласно со одликите на медиумот, подразбира фиксирање на сцената „Симну-вање од крстот“, песната на Ренџов говори и за она што се случувало пред распнувањето на Спасителот. Ако во првите две строфи лирскиот субјект го опишува „симнувањето од крстот“ во функција на сведок на настаните, тогаш во последната строфа – преку промената на точката на гледање – во улогата на лирскиот субјект се јавува самиот Исус. Најпрочуената композиција „Оплакувањето Христово“ е извор на инспирација за песната „Оплакувањето“ на Ренџов, во која лирскиот фокус е поставен токму врз ликот на Богородица и на нејзиното страдање. Мотивот на мајчинското страдање е централен и во песната „Марковиот манастир“ од Блаже Конески (1921-1993). Како и во останатите четири песни од циклусот („Одземање на силата“, „Стерна“, „Кале“ и „Песје Брдце“) во песната „Марковиот манастир“ Крале Марко ја има улогата на лирски субјект, а во ткивото на текстот се преплетуваат историскиот и фолклорниот интертекст (легендата и народната јуначка епика). Меѓутоа, за разлика од другите четири песни, во овој случај како интертекст се јавува и ликовниот медиум т.е. фрескописот од Марковиот манастир. Иако во песната се алудира на голем број композиции од средновековниот храм, кулминативната точка во песната е соочувањето на лирскиот субјект со ликовната претстава на Рахела, која со неискажлива болка ги оплакува нејзините мртви деца, слично како Богородица над мртвиот Исус Христос. Преку постапката на синестезија, Марко дури и ќе го слушне гласот на Рахела, кој трогнат излегува од црквата. Соочувањето со фреската е причина за покајанието на лирскиот субјект. Несомнено е дека архетипската болка на мајката што ги губи своите деца, потресно артикулирана во живописот од храмот, ја разјадува грижата на совеста на Марко поради „мртвите младенци“ споменати во мотото на песната. Сликата на библиското мајчинско страдање го соочува Крале Марко со гласот на мајките што ги оплакуваат своите деца. На тој начин, лајт-мотивот на страдање, соочување со гревот и покајување од целиот циклус „Марко Крале“ добива своја експлозивна експресија токму во интерференција со реакциите што ги побудува средновековниот фрескопис: со пос-редство на ликовната уметност, библиските топоси на мајчинството и мајчинското страдање воскрес-нуваат во современата македонска поезија, демонстрирајќи ги своите архетипски и општочовечки димензии.

  • Issue Year: 2017
  • Issue No: 16
  • Page Range: 125-133
  • Page Count: 9
  • Language: English